Вести Македонија Топ вести

Министрите од Алијанса нема да поднесат оставки, ќе следи ли интерпелација?

Министерот за здравство нема намера да се изјаснува дали има чувство на припадност кон оваа влада или не, како што побара техничкиот премиер од министрите на Алијанса за Албанците кои го поддржуваат Таравари. Вели дека не одговара пред никого, освен пред претседателот на партијата.

На страната на Таравари е и министерот Азир Алиу, оттаму и аналитичарите очекуваат, доколку се подели Алијанса, што е се` поизвесно, тој и Меџити да бидат разрешени.

Меџити стоеше до Таравари и синоќа во Гостивар, каде се собраа  стотина активисти и негови сограѓани, да му изразат поддршка откако беше објавено дека пред неговата врата е пронајден куршум од авоматска пушка.

Таравари сподели фотографии на својот фејсбук-профил, на кои се гледа како дел од присутните со запалени факели му изразуваат поддршка, а тој со мегафон им се обраќа.На негова страна е и мнозинството од Академијата додека во партиските ограноци се потпишуваат писма за поддршка.

Министерот Кренар Лога, пак,  го поддржува Села, кој веќе закажа седница на централното Собрание за во сабота. Но, иако најавуваше, сега не бара одговорност, туку извештај од претседателот на партијата околу политичките случувања, а ќе се дискутира и за настапот на изборите, откако Таравари побара поддршка партијата да се приклучи кон албанската опозиција.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе