Вести Македонија Топ вести

Холандија ја обнови соработката со Судски совет преку проектот МАТРА, амбасадорот Коп и го предал известувањето на Дамева

Холандија ја продолжи поддршката за Судскиот совет преку проектот МАТРА кој беше ставен во мирување лани во мај, по контроверзниото разрешување на Весна Дамева од претседателската функција. Амбасадорот Дирк Јан Коп денеска лично ја информирал претседателката Дамева која со одлука на Управниот суд  дека е незаконски разршеена од почетокот на годимната повторно се врати на чело на Советот

Оваа одлука се заснова на целосно разгледување на позитивните случувања во Советот, но и на барањето на Дамева и изразена посветеност за целосно спроведување на препораките од мисијата за рецензија на ЕУ во 2023 година, стои во известувањето на фејсбук страната на холандската амбасада.

Задоволни сме што проектот може да му помогне на Судскиот совет да започне да се справува со предизвиците идентификувани од експертите. Холандија останува посветен партнер на Северна Македонија во нејзините реформски напори, се додека тие се вистински и го унапредуваат владеењето на правото во земјата, и рекол амбасадорот Коп на Дамева.

Во соопштението од Судски пишува дека претседателката Дамева изразила искрена благодарност за заложбите на амбасадорот Коп и Владата на Кралството Холандија, кои во исклучително краток период го обновија овој клучен проект за Судскиот совет, а воедно изрази благодарност и за дадената  доверба и поддршка.

Во портокалова папка со лале -симболот на Холандија, Амбасадорот Коп, и го предал на Дамева известување  за обновениот проект „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Холандија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе