ДУП-от за „Треска“, деловниот простор на Коневски, антикорупциска ги затвора и предава на обвинителството. На последниот работен состанок на актуелниот состав на Антикорупциска отворен е и предметот против внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, со кој треба да се до испита како двете фирми на младиот Ахмети пред година и половина се офајдиле со 5 милиони денари од фондот за иновации. Друга финансиска поддршка од државни институции не добиле но во овој случај треба да се истражи.
Патот на способните млад бизнисмен Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ поминал и низ државните јасли. Фондот за иновации бил дарежлив и препознал потреба од технолошки развој и му одобрил 5 милиони денари и тоа за двете негови фирми. Способноста на Ахмети како управител одела дотаму што тој реализирал побрзо до предвиденото. Овој предмет по месеци работа, антикорупционерите го затворија и заклучија. Сомнеж за пропуст има кај директорот, управниот одбор и комитетот, а одговорноста е кај владата.
На последната работна седница, пред да ги отстапат функциите на своите наследници овој состав го затвори и предметот за начинот на планирање на ДУП- от за „Треска“. На обвинителството му го предава предметот со констатирани сомнежи за корупција на фирмите кој пред 10 години го изработиле планот, за општината да го усвои спротивно на генералниот урбанистички план.
Како се стекнал со 318 квадрати деловен простор во зграда во Аеродром ексградоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски антикорупционерите и овој случај му го предаваат на обвинителството. Оттаму, обвинителите очи треба да се вперат во измените на на ДУП- от кај Мајчин Дом преку кои никна 9- катница на приватен имот кој со децении фигурираше како тревна површина- ПАРК.
Павле Беловски