Бројни нови портали креирани од владејачки партии се подготвуваат со лажни вести да атакуваат врз мислењето на граѓаните, предупредуваат маркетинг експертите. Граѓаните треба да отворат четири очи во пресрет на изборите и внимателно да изберат кому ќе му веруваат. Валканата кампања, велат, е одамна почната, а деновиве се интензивира откако е сè појасно дека на овие избори клучен придонес за победникот ќе имаат социјалните мрежи.
Актуелен хит за политички кампањи е „Тик ток“. Но, тука се и Инстаграм и фан страните кои лесно се злоупотребуваат. Шабани укажува дека има неколку генератори кои можат да генерираат нечиј пост да има над милион лајкови, како и провајдери и апликации на кои можат да се купат 10.000 лајкови за еден пост, како и да се додадат лајкови на фан страните на политичарите.
Со вештачката интелигенција, пак, лажните вести и видеата можат многу добро да се изработат и тешко да се препознаат дека не се вистинити. Не постои механизам за да се открие дали нешто е лажно или вистина, во тој случај самите читатели мора да внимаваат многу, секоја информација да ја прифатат со резерва, да не и` веруваат целосно, да не споделуваат сомнителни профили и да се трудат да се запознаат што повеќе со технологијата.
Аналитичарите бараат од партиите на власт да ја сфатат одговорноста и да придонесат за спречување на злоупотребите, затоа што, законски тие можат да се спречат, но потребна е добра волја.
Далиборка Демјанска Цветановска