Вести Македонија Најважни

Јакимовски ја потпиша дозволата за изградба на спорната 17-катница што ќе никне во Карпош, но зградата е во заштитено подрачје

Градоначалникот на Карпош, Јакимовски ја потпишал дозволата за изградба на спорната 17 катница што ќе никне во Карпош во близина на Воена болница.

Зградата која треба да вдоми 2.000 жители се наоѓа во заштитено подрачје. Потврда дека е издадена дозвола за градба беше поставувањето на таблата од страна на инвеститорот “ЗСФ Ком“ каде стои дека дозволата е издадена на 18 јануари, а правосилност добива на 1 февруари.

Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Експерти запознати со ова проблематика велат дека во близина на болницата не треба да има високи објекти зошто нема да има простор за пристап на хеликоптери до болничкиот комплекс, а тука посебна тежина се дава на оваа болница зошто е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово.

Изградбата на ваква зграда е донесена во ДУП-от донесен токму од Јакимовски во неговиот мандат во 2013-та година каде се предвидува изградба на објект за домување со 26 ката и висина од 88 метри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе