Вести Македонија Топ вести

И српскиот музичар Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајката кај Табановце, со повреди пренесен во Кумановската болница

Во сообраќајната несреќа во која животот го загуби 49 годишната жена од Куманово учествувал и рок – музичарот Ѓорѓе Николиќ – Давид. Во несреќата се здобил со телесни повреди и е хоспитализиран во Кумановската болница.

Музичарот на својот Инстаграм профил објави видео од автомобилот каде објаснува дека се враќа во Србија по состанокот што го имал надвор од државата, но дека снегот и ветрот кој почнал да дува со „луда“ брзина му го попречувал патувањето.

– Ја завршивме последната средба што ја имавме, заминуваме за Србија, ќе застанеме малку во Ниш, пред тоа, единствено ми е ненормално што дува и снегот, станува сѐ полош и полош. постудено и постудено – вели Ѓорѓе Давид во видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв ден матура – без препишување и со зајакната контрола

Дејан Дејан

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе