Вести Македонија Топ вести

Грозоморно убиство во Ново Лисиче

Свирепо убиство во скопската населба Ново Лисиче. Ја удирал по главата и вратот, а потоа ја задушил. 28 годишен скопјанец е осомничен дека во семејниот дом на 18ти јануари при вршење семејно насилство со умиска ја убил својата баба, се вели во деталите кои ги изнесе Основното јавно обвинителството Скопје.

„Според првичните сознанија тој ја нападнал бабата удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил“, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

Од таму информираат дека поради постоење опасност осомничениеот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за определување мерка притвор.

Судијата, информираат од ОЈО Скопје, го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ прашува: Зошто нема обвинение против началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски?

Дејан Дејан

Помалите партии ги извадија од фиока старите закони за една изборна единица

Дејан Дејан

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе