Додека не го притиснат зеленото копче во Собрание за техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде без министри во неа. Ова денеска на најголемата опозициска партија и го порача премиерот, Димитар Ковачевски, коментирајќи ја можноста позициите на опозицијата во техничката влада да останат без конкретни имиња. Според него во светот не постои пример политичка партија да учествувате во влада и да не гласа за неа.
„Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ, согласно закон, исто како сите други политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката влада треба да ги дад своите кандидати и да гласа за таа влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа влада, тогаш сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи во која што тие места ќе бидат упразнети. Во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи владата тогаш ќе може мандатарот да предложи и во истиот дена да се изгласаат министрите кои им следуваат“, изјави Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ експресно му одговори на Ковачевски дека правото не познава предлози за министри „празно место”, оценувајќија неговата изјава како евтини трикови и надмудрувања.
- „ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува во техничката влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став, и имињата за министри и заменици, согласно законот ќе бидат предложени наредната недела. Останува на власта дали ќе одбере да го почитува законот, или истиот ќе го крши, што само ги открива и позадинските намери за загрозување на изборниот процес што е доказ за огромната доза на нервоза кај власта во заминување“, се наведува во реакцијата од опозициската партија.
Освен што нема да гласаат за Талата Џафери за премиер на техничката влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред неколку дена најави дека министрите од неговата партија нема ниту да му даваат отчет на Џафери како технички премиер, односно дека нема да присуствуваат на владините седници кои ќе ги води Џафери, туку ќе ги праќаат замениците-министри. Ковачевски денеска на ова со став дека опозијата четири години го блокирало Собранието, но владата е извршно тело.
„Од нивниот пристап во Собранието видовеме дека, тие беа дел од Собранието во последните четири години, во коишто единствено што правеа е што блокираа, доаѓаа за да блокираат, не доаѓаа за да работат. Владата е извршно тело во кое што тое што се членови на Влада мора да бидат ангажирани во текот на целиот ден за да може да ги сервисираат обврските што ги имаат“ изјави Ковачевски.
Според роковникот за парламентарните изборите, закажани за 8 мај, за техничката влада треба да се гласа 100 дена пред изборите, односно до 28 јануари. Претходно Џафери кој ќе ја предводи техничката влада треба да поднесе оставка од функцијата претседател на Собранието.
Тамара Грнчароска