Вести Македонија Топ вести

„Војна на зборови“ помеѓу МНР и Македонскиот дипломатски синдикат поради обвинувања за испраќање на неквалификувани конзули

„Војна на зборови“ во дипломатските кругови. Македонскиот дипломатски синдикат критикува дека министерот за надворешни Бујар Османи испраќа конзул во Њујорк, кој нема дипломатско звање.

Од МНР возвраќаат на критиките. Велат, сѐ е согласно Законот за надворешни работи. Оваа реакција на МНР следува откако Македонскиот дипломатски синдикат оцени дека станува збор за незаконско упатување на дипломати, пред избори.

Во соопштението на МДС се споменува името на Мухаби Синани, за позицијата Генерален конзул во Њујорк.

Ова е истото место кое пред две години беше резервирано за ТВ-презентерката Бесмира Ејупи. Тогаш под притисок на јавноста предлогот беше повлечен и таа остана само како вработена во Надворешни.

  • Македонски дипломатски синдикат: „Господинот Синани, кој од неодамна е вработен во МНР од приватна фирма, не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање, кое е законски услов за именување на генерален конзул. Дополнително имаме информација и дека оваа недела Синани треба забрзано да полага испити во МНР за унапредување од три нивоа нагоре, за неговото упатување да биде приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул.“

Од МНР возвраќаат на обвинувањата. Во писмен одговор на прашањата од медиумите, велат дека високото дипломатско звање некогаш било услов, но со законски измени веќе не е.

  • Министерство за надворешни работи: Условот пропишан во членот 49, став 1 алинеја 6 од Законот за надворешни работи, кандидатот да има високо дипломатско звање, со измените од 2015 година се брише, а алинејата 6 се менува и гласи: да не е осудуван за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеци, за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за генерален конзул.“

Синани не е единствениот кандидат за кого реагираат од Македонскиот дипломатски синдикат.

Тврдат дека од свои извори дознаваат, дека се подготвува упатување и на Илми Селами од Чаир за амбасадор во Будимпешта и обвинуваат дека ова е водено од партиски интерес на министерот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе