Вести Македонија Топ вести

ДУИ е информирана дека е пречка за функционирање на правната држава – Меџити по средбата на Коп со Ахмети

Демократската унија за интеграција (ДУИ) е информирана дека е главна пречка за функционирање на државата, гласи коментарот на Изет Меџити за вчерашната средба на лидерот на интегративците, Али Ахмети со амбасадорот на Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.

„Со флагрантно политичко мешање во судството за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, како одмазда за непослушноста да се врати Никола Груевски во земјава како херој, таканаречениот Европски фронт на ДУИ беше информиран од ЕУ преку амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп дека ДУИ е главната пречка за функционирањето на правната држава и интеграцијата на земјата во ЕУ“, напиша Меџити на Фејсбук.

Коп на вчерашната средба со Ахмети лично пренел загриженост за несоодветно политичко влијание врз позицијата претседател на Врховен суд. За него, како што се наведува и во соопштението на амбасадата, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија, а го истакнал и континуираниот двегодишен пад на владеење на правото во земјава.

„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Исто така, непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија“, објавија од амбасадата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе