Вести Македонија Топ вести

Амбулантни возила „made in Albania“ и за македонските болници – премиерот Рама со најава за проект од Тирана

Албанија има подготвен проект за производство на автомобили за потребите на државата, со домашна компанија, која досега произвела амбулантни возила за Украина, но и за соседните земји Северна Македонија, Бугарија, Турција, соопшти албанскиот премиер Еди Рама.

Додаде дека овие автомобили ќе бидат пуштени во употреба за потребите на министерството за здравство, за внатрешни работи и Националната агенција за транспорт и нагласи дека проблемот со транспортот на наставниците исто така ќе биде надминат.

„Создавањето на акционерско друштво за производство на возила за потребите на државата и за извоз е многу убав проект, кој ќе ни даде можност да произведуваме за потребите на Министерството за здравство, МВР, Националната агенција за транспорт и за извоз, врз основа на стручноста на една девојка Албанка, Арјета Пуца, со која го градиме овој процес, со нејзиното претпријатие, но кое победува на меѓународни тендери за испраќање амбулантни возила надвор од земјата“, рече Рама.

Арјета Пуца е претприемач која моментално произведува амбулантни возила во нејзината фабрика во Албанија и беше избрана од ОН да произведе 500 амбулантни возила кои се испорачани во Украина.

Заедно со нејзиното семејство, Пуца ја основала компанијата „ТИМАК“ во 2016 година, произведувајќи над 150 амбулантни возила за албанските болници, како и за соседните земји како Северна Македонија, Бугарија, Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе