Вести Македонија Топ вести

Уставниот суд  утврди повреда на слободата на изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа

Уставниот суд  утврди повреда на слободата на изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот.

Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд, не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година.

Судот оцени дека таа во Собранието била присутна како новинар и требало да информира за изборот на претседател, но била оневозможена во тоа. Според Судот државата е должна да обезбеди услови на новинарите да можат слободно да известуваат, соопштуваат од Уставниот суд.

Според Уставниот суд слободата на медиумите како составен дел на слободата на изразувањето ја опфаќа слободата на јавното информирање и примање, пренесување на информации, што претставува една од основите на демократското општество, бидејќи слободната комуникација на информации и идеи за политичките и другите општествени прашања од јавен интерес се од суштинско значење за секое општество.

Ова имплицира слобода на медиумите да добиваа информации врз основа на кои тие ќе можат да ја остваруваат својата улога, да коментираат и известуваат за сите значајни прашања од јавен интерес, без граничувања со цел информирање на јавноста.

Информации за барањето: https://ustavensud.mk/?p=25430

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе