Вести Македонија Најважни

Петровска смета дека судот не ја сфатил сериозно ситуацијата со упадот во М-НАВ и бара да ја преиспитаат одлуката

Судот да си ја преиспита одлуката за МНАВ и да ја сфати сериозно соостојбата затоа што настанот се случил во контрола на летање, објект на критична инфраструктура, оцени денеска министерката Славјанка Петровска.

-Лично јас не се сложувам и мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката. Не сакам апсолутно да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, меѓутоа  целата оваа ситуација ќе треба посериозно да ја сфатат. Ќе имаат веројатно дополнително време, убедена сум дека извршните органи или МВР одлично ќе си ја заврши и ја заврши до тука својата работа. Меѓутоа треба да се има предвид целокупното законодавство во РСМ, но и меѓународно преземените обврски, рече Петровска.

Таа потврди дека за инцидентот имало интерес од претставници на НАТО, бидејќи два авиони на Алијансата, дента на упадот на групата на Беким Незири летале кон Скопје.

-Комуникацијата која ја имаме на секојдневна основа, но на различни нивоа, дека биле поставувани прашања во рамки на тоа што се случува асполутно, да. Официјална писмена реакција, барем до Министерството за одбрана нема. Меѓутоа, секој вид на комуникација ние го сметаме можеби не за загриженост, туку за заинтересираност за тоа што се случува што е сосема легитимно. Во тој момент на тој ден, на аеродромот во Скопје слетаа два авиона од НАТО-земји членки со определна намена, така што јасен е интересот на земјите членки на НАТО кои што го изразуваат ова. Многу е важно, кога што и да се случи како оваа ситуација во М-НАВ, да постои реакција и да постои соодветно постапување, посочи министерката.

Таа оцени дека владата со разрешувањето ја завршила работата, а сега останува на другите институции.

Евро-амбасадорот Дејвид Гир порача дека во јавните служби треба да се вработуваат професионалци и да се преземат мерки против партизација.

-Во поглед на назначувањата во јавните институции, важно е да се прават врз основа на заслуга, тоа значи квалификација, вештини, искуства, неприпадност на партија или лични врски. Второ, јасно е дека постојат обврски кога станува збор за воздушната агенција и обврските кон ЕУ, во поглед на имплементирањето, рече евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир околу последните случувања во М-НАВ.

Според него, тука се вклучени гарантирањето на независноста на телото, кое што е одговорно за воздухопловната навигација и во поглед на регрутирањето и ангажирањето, дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин, кој што ќе ја гарантира безбедноста и ефикасноста на самата служба.

-За различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија, ги повикуваме властите да ги истражат и да делуваат на однос на резултатите на тие истраги. За заканите и упадот во зградата, тоа се прашања кои треба да бидат истражени и доколку постои загриженост, треба да се реагира, кажа Гир.

Делото за кое се гони групата на Беким Незири е меѓународно кривично дело – во македонското законодавство е од времето кога и самиот бил министер за економија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе