Вести Македонија Топ вести

Коп со остра порака до Ахмети

Холандскиот амбасадор Коп застана зад Беса Адеми. Несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд за него е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија. Ова тој му го пренел и на лидерот на ДУИ, со кого се сретнал денеска.

„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Исто така, непотребното политичко влијание врз функцијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа, е неприфатливо и ќе предизвика остра реакција од Холандија“, објавија од амбасадата.

Критиките следат откако за Адеми, која се пожали на политички притисоци, беше покрената иницијатива за разрешување.

Инаку, ова не е првпат холандскиот амбасадор да упати сериозни критики дека во Македонија не постои вистинска политичка волја за промена. Тој често во своите изјави потенцира дека само се „трупаат изговори, додека реформите каскаат во место и дека сè е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупција и непотизам“. Најголемите критики се на сметка на правосудниот систем, каде состојбите според холандскиот амбасадор „не оставиле друга опција освен да ја евалуираат поддршката која што ја даваат“.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе