Вести Македонија

Литовски во Топ Тема: Нe сакаат, ниту можат да му простат на Рацин за неговата борба за посебна македонска култура и нација

„Денес во ниту еден сегмент личноста на Кочо Рацин не е компатибилна со идеологијата и праксата на денешниот неолиберализам и македонобугарски ревизионизам. „Белите мугри“ се прогласуваат за „цвеќе за злото“ и нешто што врши „отровно штетно и неприфатливо влијание врз нашата колективна психа““, истакна меѓудругото историчарот Александар Литовски во вечерашната Топ Тема на Телма.

Како што рече тој, „наследниците на бугароегзархиската кауза во Македонија, ниту сакаат, ниту можат да му простат на Рацин за неговите класно-социјални мотиви, ниту за неговите стихови на македонски јазик, ниту за неговата борба за посебна македонска национална култура и нација“.

Според Литовски тоа секако од македонски национални позиции би требало да се осуди и да се спречи.

ЦРВЕНИОТ ПОЕТ – ТВ Мини Серија – прва епизода 09.01.2024 во 20 часот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе