Вести Македонија Најважни

Разрешување на директорите или штрајк во М-НАВ, сѐ зависи од Владата

Разрешување на директорите на М-НАВ или затворање на воздушниот простор на македонското небо. За синдикатот на Контрола на летање друга опција нема, пред утрешната седница на Владата на која се очекува да биде разрешено раководството на Македонски навигации.

„Се надеваме дека ќе има разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно Синдикатот  ќе го затвори небото над Скопје од среда пред сè заради безбедноста на патниците“, вели Александар Тасевски, претседател на синдикатот на Контрола на летање. 

Синдикатот се спротивстави на последниот оглас за вработување. По тоа следеше упад и физички напад во Контролата на летање, а раководството на М-НАВ не поднесе оставки.

Извршниот директор на македонски навигации Фахрудин Хамиди, придружуван од вториот директор Хасим Дехари го оквалификува упадот како кошкање меѓу колеги и најави дека ќе ја чека одлуката на за нивно разрешување. Осомничени за инцидентот се 8 лица, меѓу кои и поранешниот министер и координатор на ДУИ во Чаир, Беким Незири.

Истиот ден кога ќе одлучува Владата, според сознанијата на Телма, Финансиската полиција ќе влезе во М-НАВ за да го испитува работењето на државната компанија. Ќе се чешла документацијата за финансиското работење, посебен акцент ќе биде ставен на процесот на вработувања во компанијата во изминатите неколку години, како и јавните набавки. Според информациите на Телма ќе се испитува и финансиското работење на синдикалната организација во М-НАВ.

Платформата на граѓански организации против корупцијата ги повика институциите во целост да го расветлат инцидентот во М-НАВ и дека оние кои се залагаат и делуваат против партиски вработувања треба да бидат заштитени.

„Каков било напад по оние што се одлучиле да застанат  во заштита на законитоста при вработувањата, претставува сериозна закана по доброто управување, борбата против корупцијата и клиентелизмот, и ќе делува обесхрабрувачки за идни слични потенцијални иницијативи на работните колективи во јавниот сектор. Борбата против корупцијата е должност на сите, па затоа иницијативите кои доаѓаат од јавниот сектор треба да бидат заштитени и поттикнати“, соопштија од Платформата на граѓански организации против корупцијата.

Четворица осомничени се недостапни за органите на прогон. Меѓу нив, како што откри Телма е и поранешниот фудбалер, Ерсен Сали, кој во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, но Апелација истата година во ноември ја преиначува пресудата дека тој нема да оди во затвор, доколку не направи кривично дело во наредни 3 години.

Во пресудата на Апелација донесена од судиите Јани Нича, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети стои дека првостепениот суд во недоволна мера водел сметка за олеснувачките околности. Инаку судијата Енвер Беџети беше казнет парично, бидејќи 9 месеци во фиока го чувал предметот „Тврдина-Таргет” за да застари.

Зелено светло за прифаќање на жалбата на одбраната на Сали дал и вишиот обвинител Наум Паноски, што може да се заклучи од пресудата на Апелација. Обвинителот Паноски, како и Апелација,  оценил дека Сали кривично дело не го сторил од ниски побуди, го признал делото и се извинил на оштетените, како и тоа дека се работело за семеен човек, кој немал претходни прекршоци и кривични дела.

Марија Митевска

Условно осуден, екс фудбалерот Ерсен Сали меѓу лицата кои се во бегство за упадот во М-НАВ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе