Вести Македонија Топ вести

Адвокатите на осомничените за упадот во М-НАВ: Нема загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

Делото за кое се товарат осомничените за упадот во контролата на летање на скопскиот аеродромот е спорно за адвокатите на инволвираните во случајот. Обвинителството ги сомничи за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ според Член 303 Став 2 во врска со Член 22 од Кривичниот законик.

Овие тврдења на адвокатите се на линија со објаснувањето на Кривичниот суд, зошто не ги прифатил барањата на обвинителството за притвор на осомничените.

Во ниту еден момент настанот не е во просторијата каде што се наоѓа контролата на летање и каде се комуницира со авиосообраќајот кој се одвива на македонското небо, од доказите кои ги имаме до овој момент, вели адвокатот на дел од осомничените Еленко Миланов.

Настанот се случува сосема надвор од тој простор и на некои педесетина метри од таа соба и со лице кое што воопшто во тој момент не е на смена, како што работат во собата за контрола на летање со тоа во ниеден случај не можела да биде нарушена безбедноста на воздушниот сообраќај над Република Македонија, вели  Миланов.

Не само што ова кривично дело не може да опстане, туку и обвинителството воопшто не требало да ги сомничи за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“, додава и адвокатот Асмир Алиспахиќ, кој исто така брани еден од осомничените.

Навистина, според мене, правилна одлука на Основниот кривичен суд со оглед на фактот дека осомничените веднаш по повикот на истражните органи, поточно полицијата доброволно се јавиле во полициската станица, појасниле за што всушност станува збор, а судот ги прифати нашите укажувања дека во конкретнава ситуација ова кривично дело во овој момент како што е поставено, не може според одбраната да опстане, смета Алиспахиќ.

Нема цврсти докази за определување на други мерки освен оние за претпазливост, смета адвокатот Алиспахиќ и евентуалното враќање на работа во М-НАВ на осомничените нема да влијае на истрагата.

Дотолку повеќе што навистина судиите на претходна постапка определија мерки на претпазливост кои што се во целост компатибилни со работните места на доредени осомничени. Сметам дека осомничените во целост ќе ги почитуваат мерките на претпазливост и во целост ќе бидат достапни на истражната постапка која ја води Јавното обвинителство, додава Алиспахиќ.

На четворицата осомничени за инцидентот, кои се достапни на органите за прогон определена им е забрана за напуштање на Скопје, обврска да се јавуваат во судот, им се одземаат пасошите и им се забранува да комуницираат со тепаниот и меѓу себе.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе