Вести Македонија Топ вести

Распишана меѓународна потерница по Исмет Гури

Распишана е потерница по поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури.

Гури бил во куќен притвор, по што Јавното обвинителство поднело жалба и Кривичниот совет на Основен кривичен суд Скопје донел решение за замена на мерката куќен протвор со мерка активен притвор.

Од МВР, Судот е известен дека во моментот кога го побарале на адресата на која бил пријавен за издржување на домашен притвор не е пронајден, по кое известие Судот издал наредба за распишување на централната потерница, информираат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје.

По Гури од вчера има распишано и меѓународна потерница.

Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, откако во јули минатата година беше уаспен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

Обвинението за „Титаник 3“ беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Тие се товареа за делото уништување изборен материјал,  односно дека на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. Гури беше истакнат активист на ДУИ, а по одделувањето на Изет Меџити се придружи на Демократско движење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе