Вести Македонија Топ вести

Цитроенот со кој е грабната Вања забележан на камери во Скопје и Велес

Нови фотографии од движењето на Цитроенот искористен за грабнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска осамнаа во јавноста. На едната се гледа како возилото се движи на улицата „Наум Наумовски Борче“, покрај нејзината зграда. Датумот на фотографијата е 27 ноември, а часот е 7:29, кога Вања е грабната.

На другата фотографија јасно се гледа дека Цитроенот го вози неговиот сопственик, Панче Жежовски, на бензинска станица во Велес на денот на неговото исчезнување. Овие фотографии вчера ги објави српскиот политичар Срѓан Ного, а за денеска најави нови снимки.

Од обвинителството велат нема опасност за компромитација на истрагата.

Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движење на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност од компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, соопштија од јавното обвинителство.

КОД во последната емисија веќе пишуваше за движењето на Циторенот на двата кобни дена. Фотографиите соодејствуваат со тоа што КОД го откри, дека имало прецизен план за грабнувањето на Вања.

Од Цитроенот започнува и расплетот на случајот.

Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во возилото. Еден час пред грабнувањето. Накај 6:30 часот утрината.

Сознанијата до кои дојде КОД се дека ќе направат еден круг со возилото, преку улицата Орце Николов и калдрмата која води накај општина Центар, по што ќе се вратат пред зградата. Стрпливо ќе чекаат на паркингот, каде камерите нема да ги уловат.

Љупчо Палевски Палчо ќе им се придружи подоцна.

Четири камери на „Сејф сити“ поставени на булеварот Илинденска всушност не го снимаат влезот на зградата. Не го снимаат ни околните објекти кои имаат поставени приватни камери. Влезот е во мртов агол, кој им овозможил на грабнувачите, пред и по грабнувањето, и воопшто да не бидат забележани на камера. Тоа укажува дека биле добро информирани за видео надзорот.

Возилото е фатено само во движење. Фризерницата на улицата има приватна камера, како и околната менувачница. По грабнувањето на Цитроенот му се придружува Реното Кангу кое, според исказите на осомничените го управува Палевски.

Сознанија на КОД се и дека осомничените имале план на 24 ноември, односно во петокот наместо три дена подоцна, да го извршат злосторството, но се премислиле, бидејќи било премногу прометно утрината.

Циторенот е забележан и на камери во Велес на денот на исчезнувањето на Жежовски на 22 ноември. Еднаш со него се превезувале две лица заедно со убиениот. И уште еднаш само со Панче, по што му се губи трагата.

Намерата на неговите грабнувачи била возилото да го искористат за грабнувањето на Вања.

Циторенот кој на 27 ќе биде пронајден опожарен во атарот на селото Бразда ќе се покаже клучен за истрагата и да се фатат осомничените.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе