Српскиот политичар, Срѓан Ного објави две фотографии од Цитроенот кој беше користен за грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, a кои го потврдуваат она што КОД веќе го пишуваше.
На едната фотографија која е од денот на грабнувањето се гледа само возилото. На другата се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.
Во последното истражување КОД откри дека Цитроенот е фатен во движење на околните камери каде живееше Вања на 27 ноември. Исто така е забележан и на камери во Велес на денот на исчезнувањето на Жежовски на 22 ноември. Еднаш, со убиениот се превезувале и две други лица, а втор пат само со Панче, по што му се губи трагата.