Вести Македонија Топ вести

Синдикатот на контролори на летање обвинува – насилници упаднаа во М-НАВ и малтретираа наши колеги

Претседателот на Синдикатот на Контролори за летање, Александар Тасевски, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека околу 15:30 часот се случил инцидент во М-НАВ предизвикан од неидентификувани лица кои биле пуштени да влезат во објектот од обезбедувањето, а кои вербално но и физички нападнале дел од контролорите бидејќи дале поддршка на протестот и на Синдикатот.

Неофицијално, станува збор за лица од скопски Чаир на кои им бил дозволен влез од во кругот а потоа и во објектот од обзбедувањето кое е приватна фирма.

Телма побара потврда од МВР дека е пријавен инцидент во М-НАВ како што наведе претседателот на Синдикатот тасевски.

Истото обезбедување, денеска на прес конференцијата која ја одржа синдикатот пред зградата на М-НАВ побара од екипата на Телевизија Телма да се идентификува и им ги задржа личните карти до завршување на настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе