По неколку мега афери во М-НАВ, денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање, реагираат од партијата Демократски сојуз (ДС).
„За да се спречат можни катастрофални последици, бараме Владата да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ. Го повикуваме раководството на МВР да преземе најитни мерки против оние кои упаднале во објект на М-НАВ, како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање“, се вели во соопштението на ДС.