Вести Македонија Топ вести

Аерозагадувањето го зголеми бројот на пациенти со респираторни болести

Додека надлежните институции си ја префрлаат топката, политичките партии се обвинуваат меѓусебе кој повеќе направил во борбата за чист воздух, граѓаните се оставени сами на себе да ги следат препораките и мерките за да го зачуваат сопственото здравје.

Седиме дома и не излегуваме. Кои препораки, Скопје е загадено за овие три години што ги направија овие згради сметајте дека има за 50% поголема загаденост. Бегање од Скопје ништо друго, ни изјавија граѓани.

Зголемен број на прегледи за 30 до 40 % во амбулантите, речиси идентична слика како за време на пандемијата со Ковид, велат матичните лекари и токму загадениот воздух дополнително ја влошува состојбата. Над 80 % се со горнореспираторни инфекции.

Зголемен број на пациенти кои изискуваат според крвната слика антибиотско лекување, симптоматско и витаминско лечење итн. Но интересно за сите, и оние што беа пред Нова година  е што и покрај земањето на дадена терапија се уште кашлицата опстојува некаде седум  дена, некаде десет дена, кај некои и до две недели. Самите пациенти по неколку пати доаѓаат и се  жалат на таа кашлица, некаде со секрет, некаде сува кашлица, вели д-р Љубомир Стефановски.

Во изминативе денови има и пациенти со Ковид 19 и покрај фактот дека мал е бројот на оние што се тестираат,  вели доктор Стефановски. Загрижува клиничката слика многу повеќе на оние што се со сезонски грип.

Генерално имајќи ги предвид оние што се со докажан Ковид ми изгледа дека се со послаби симптоми и полесно го поминуваат Ковидот одколку овие со грип, вели д-р Стефановски. 

Деновиве зголемен е и бројот на прегледи на пациенти со грип на Инфективната клиника, вели директорката Стевановиќ, но состојбата не е алармантна, нема зголемен број на хоспитализации, доколку имаме предвид дека е сезона на грип. Што се однесува до пациенти со Ковид 19 само тројца се хоспитализирани и станува збор за пациенти со хронични заболувања.

За лекарите важно е да се подигне свеста кај јавноста колку самите граѓани може да придонесат за сопственото здравје, во оној случај кога тоа зависи од нив,  следејќи ги препораките и мерките на кои во континуитет се апелира.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе