Вести Македонија

За партијата Десна на Палчо, МВР е подготвено да испрати писмо до обвинителството за да се дерегистрира

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ан денешниот брифинг за новинар во Клубот на пратеници запрашан за дерегистрација на партијата Десна, чиј лидер Љупчо Палевски Палчо е осомничен за двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски рече дека веќе го кажал неговиот став.

Обвинителство, како што рече, е надлежно да поднесе барање за дерегистрација на партијата Десна. Но, ако треба МВР да испрати писмо до нив, тие се подготвени и на тоа. И другите осомничени во случајот, исто така се членови на Десна.

Од обвинителство претходно за Телма соопштија дека за трите услови за забрана за партија, ако таа повикува на насилно уривање на уставниот поредок,  поттикнува или повикува на воена агресија или разгорува национална, расна или верска омраза, треба да има кривична постапка која доколку обезбеди докази тогаш би почнала постапката за забрана и гаснење на партијата, пред граѓанскиот суд.

Воедно Спасовски најави и надградба на системот Сејф сити и освен за јавна безбедност ќе се користи и за контрола и безбедност на сообраќајот. Освен во Скопје, камери ќе се постават и во Куманово и Тетово и на автопатите во државата. Ќе има и мобилни системи што ќе може да се поставуваат ан разни места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе