Вести Македонија Топ вести

Над 1.100 вработувања на неопредено време во јавното здравство во сите медицински установи

Договорите на дело ќе бидат минато за 1.117 лица во јавното здравство низ Македонија. Нивниот работен однос, со одлука на Влада, од определено време ќе се трансферираа во неопределно, трајно, со што се решава нивниот статус кој со години беше проблем. Меѓу нив има лекари, болничари, техничари, медицински и немедицински кадар. Ова го најавија министерот за здравство Фатмир Меџити на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Здравството, заедно со образованието и социјалната заштита се главните три компоненти за зајакнување на човечкиот капитал и сметам дека со оваа одлука по неколку напорни средби на повеќе институции успеавме заеднички да дојдеме до одлука што создава и ја задржува супстанцата на човечкиот капитал на здравствен и технички персонал со кој ќе може да ја изведат својата хумана функција кон граѓаните и граѓаните да добијат квалитетно здравство, имајќи го предвид трендот на демографските движења, особено на здравствените работници“, изјави Меџити.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити најави и продолжување на инвестициите во здравството.

„Изминатиов период иако во време на криза, инвестициите во здравството се големи. Инвестираме не само во опрема и инфраструктура, инвестираме и во кадар, зголемување на платите, додатоците на здравствените работници. Со ваквите сериозни инвестиции во јавното здравје, помагаме да се зголеми квалитетот на услугата, да се олесни пристапот до здравствените услуги и се стремиме на нашите пациенти да им овозможиме европско здравство“, рече министерот Меџити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе