Останато Спорт

Саразaн прв француски победник во спуст по пауза од осум години

Сиприен Саразaн триумфираше на спустот на легендарната патека „Стелвио“ во Бормио и ја изненади конкуренцијата во Светскиот куп во алпско скијање.

Саразaн дојде до својата втора победа во кариерата во Светскиот куп со време од 1:50,73 минути и стана првиот Французин што славел во спуст по пауза од осум години. Зад него финишираше Марко Одермат од Швајцарија, а трет беше Канаѓанецот Камерон Александер.

Двајца фаворити за висок пласман како Марко Шварц и Александер Амод Килде не ја завршија трката.

Во спуст Одермат е лидер со 176 бодови, пред Брајс Бенет, кој има 16 бодови помалку, колку што има и Килде. Во генералниот поредок, Одермат исто така е на првото место со 536 бодови, Шварц е втор со 464 бодови.

Утре во Бормио се вози трка во супер велеслалом по што следува пауза од една недела поради новогодишните празници, а Светскиот куп продолжува во Аделбоден, Швајцарија, на 6. и 7.јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе