Вести Македонија Топ вести

За 70% од граѓаните ЕУ е најдобра опција за Македонија, покажа анкета на Институт Преспа

Европската унија e најдобра опција за Македонија за 70 проценти од граѓаните што е за 10 проценти повеќе од пред шест месеци, покажа истражувањето на јавното мислење на Институт Преспа спроведено теренски на репрезентативен примерок од 762 испитаници во период од 23 ноември до 11 декември. Истовремено процентот на граѓаните кои сметаат дека државата треба да бара друга алтернатива од европската се намалила за идентичен процент – 10 и сега изнесува 24 проценти.

„Голем дел од испитаниците идентификуваат различни типови на интеграции. Евроазиската унија е спомената, БРИГС се споменува, Неврзаните се споменуваат. Многу интересно е што се споменува и Југославија и Балкански сојуз или Отворен Балкан“, вели Андреја Стојковски од Институт Преспа.

Граѓаните прашани кој е најголем пријател на Македонија 38,2 проценти одговориле дека тоа е Србија, по што како втора е ЕУ со 11,1 процент, а на трето е САД со 7,7. По партиска приврзаност анкетата покажала дека во Србија релиси 63 проценти од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ гледаат најголем пријател, 45,5 од СДСМ и 43 од Левица.

Од соседните држави најголем пријател граѓаните гледаат во Србија со 67,6 проценти. Во Албанија гледаат 27,8 проценти, во Косово 22,6, но и двете земји за шест месеци бележат пад во перцепцијата на најдобар сосед и тоа од 37, односно 32 проценти. Грција и Бугарија се изедначени на 10,8 и 10,7 проценти пријателство кон Македонија, со огромен пад во перцепцијата на пријатели од мај годинава.

„Се забележува стабилизирање на емоциите или на чуствата кај граѓаните кога станува збор за периодот постпандемиски и периодот на блокадите на Македонија во пристапувањето во ЕУ“, објаснува Стојковски.

Анкетата на Институ Преспа ја опфатила и партиската припадност на испитаниците, што покажало дека со 100 проценти поддршка за ЕУ се приврзаниците на Алтернатива и Демократско движење, по што следат Алијанса за Албанците и БЕСА со 96, ДУИ 94 и СДСМ со 90. Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се поделени и речиси секој втор е за ЕУ односно, 53 проценти од нив, а 60 проценти од ЗНАМ и  58,5 проценти од поддржувачите на Левица во ЕУ гледаат најдобра опција.

Истражувањето покажало дека од 39,8 проценти од приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ кои иднина не гледаат во ЕУ – 33,5 % се за БРИКС.

За демократскиот развој на државава најголем придонес дава ЕУ, сметаат 20 проценти од граѓаните, што е речиси идентичен процент со анкетата од мај. Такво нешто во Србија гледаат 18 проценти, додека пад во перцепцијата како земја која најмногу има придонесено за демократскиот развој на земјава има кај САД. Од мај до денеска таквата перцепција за САД се намалила за речиси 12 проценти и сега изнесува 12,7 проценти. Турција придонесува за 3,8, а Русија за 1,4 проценти од граѓаните во демократскиот развој на Македонија. ЕУ се гледа и како најголем контрибутор во економскиот развој на Македонија – речиси 27 проценти.

Истражувањето на јавното мислење на Институт Преспа покажа и дека ако в недела се одржи референдум, за членство во ЕУ би гласале 67,3 проценти од граѓаните.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе