Родилката од Делчево која вчера вечер починала на КАРИЛ во Скопје е донесена во лоша здравствена состојба, а нејзиното новороденче се бори за живот на Детската клиника во Скопје, потврди директорката Стојка Нацева Фуштиќ.
Родилката од Делчево прво била хоспитализирана на одделението за Гинекологија и акушерство во штипската Клиничка болница. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев потврди дека родилката е примена после десет часот.
Лекарскииот тим на Одделението за гинекологија и акушурство и извршиле итен царски рез, по што во попладневните часови родилката заедно со новороденчето биле хоспитализирана во Скопје, каде во текот на вечерните часови починала.
Новороденчето се наоѓа на Детската Клиника во Скопје и е на механичка вентилација.
Директорката на Детската клиника Фуштиќ вели дека новороденчето е на интензивна и е на механичка вентилација, родено е со низок апгард.
Таа посочи дека се следи состојбата на новороденчето. Директорот штипската Болница, Ален Ѓеорѓијев по детални информации најави за утре откако ќе биде готов извештајот на интерната Комисија за контрола на квалитет и етички прашања, при Клиничка болница-Штип.
Викторија Јованова Димитровска