Пред 115 години во Велес е роден Коста Апостолов Солев. Познат е под името Кочо Рацин, а прекарот Рацин го презел и името на неговата љубов, Рахилка Фирфова Раца на која и ги посветил стиховите од „Антологија на болката“.
Потекнувал од скромно и сиромашно семејство, па морал да го прекине школувањето во втор клас гимназија. И покрај тоа што се занимавал со грнчарство во татковиот дуќан, постојано читал и бил вљубен во литературата. Почнал да твори како млад.
Рацин во периодот меѓу двете светски војни се зачленува во Комунистичката партија, а живеел и во Софија на почетокот на Втората светска војна во Софија од каде по убиството на поетот Коле Неделковски во 1941-ва година се враќа во Македонија, во Скопје.
Најпознато дело му е збирката поезија „Бели мугри“, издадена е на македонски јазик во 1939-тата година во хравтскиот град Самобор.
Рацин загинува на 35-годишна возраст, на планината Лопушник, кичевско во мистериозен случај, тој е застрелан од партизан-стражар. Рацин бил во партзианската единица која се грижела и работела со печатницата во Лопушник.
На Телма наскоро ќе се емитува серијата посветена на Рацин, „Црвениот поет“, по сценарио на Сашко Насев и во режија на Никола Попоски. Ликот на Кочо Рацин го толкува младиот актер Александар Ристоски.
Во серијата се претставени и многу познати личности од периодот кога живеел и творел Рацин. Како лик во серијата е и малиот Перица односно легендарниот македонски актер Петре Прличко, потоа современикот на Рацин, првиот претседател на АСНОМ, Пнако Брашнаров, кој подоцна во комунистичка Југославија е затворен на Голи Оток.
Како филмски ликови се појавуваат и Јосип Броз Тито, поетот Коле Неделковски, познатите југословенски комунистички лидери Моша Пијаде и Светозар Вукмановиќ Темпо. Во „Црвениот поет“, е забележана и една од последните улоги на македонски јазик на легендарниот актер Мето Јовановски кој почина минатиот месец.
Ленка (збирка „Бели Мугри“, Кочо Рацин)
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој.
и на налани отиде
тутун да реди в монопол –
лицето ѝ се измени
веѓи паднаја надолу
и усти свија кораво.
Не беше Ленка родена
за тија пусти тутуни!
Тутуни – жолти отрови
за гради – китки розови.
Прва година помина
грутка в срцето ѝ легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.
И ноќе кога месечко
гроб ѝ со свила виеше.
Ветерчок тихо над неа
жална ѝ тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна.