Вести Свет Топ вести

Украина доби уште еден систем „Патриот“ од Германија

Украина доби втор систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Германија за да помогне во одбивањето на зголемените руски ракетни и беспилотни напади врз Киев и други градови, јави ДПА.

Испорачани се и ракети „Патриот“ како и девет повеќенаменски возила „Бандвагн“, 7.390 артилериски гранати со калибар 155,  три мобилни единици за деминирање и осум танкери.

Германија одигра важна улога во обезбедувањето гаранции дека Украина е подобро заштитена од руски воздушни напади.

Украина итно бара од Берлин крстосувачки ракети Таурус, што можат да се употребат за уништување руски цели далеку зад фронтот.

Канцеларот Олаф Шолц засега одбива да ги достави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе