Вести Свет Топ вести

Расте бројот на болни од ковид 19 во Грција – Ерис се шири, има починати и хоспитализирани

Бројот на заразени, на хоспитализирани, на приклучени на апарати, но и на починати од Ковид-19 во Грција, бележи зголемување во периодот од 4 до 10 декември, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Во конкретниот период регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири недели.

Хоспитализирани биле 1. 176 лица, за 38 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати. Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, додека пак најзастапена подваријанта е EG. 5 (Ерис) со 40 отсто, а следи XBB. 1. 5 (Кракен) со 29 проценти.

Веќе подолг период, Националната организација за јавно здравје на Грција го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Бројот на жртви во Тексас расте, меѓу нив и девет деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе