Кошарка Спорт

Јокиќ се изнапромашува, но запиша трипл-дабл, додека Дончиќ го наполни кошот на Јута (ВИДЕО)

Лос Анџелес клиперс славеа со 111-102 против Денвер во рамки на дербито во НБА-лигата утринава.

Пол Џорџ со 25 поени го водеше домашниот тим до победата, а Џејмс Харден имаше 20 поени и 11 асистенции. Кај шампионот, Никола Јокиќ имаше очаен шут од игра со само девет погодени од 32 обиди, но повторно запиша трипл-дабл со 22 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Далас ја здроби Јута на домашен паркет со 147-97. Лука Дончиќ ги водеше Маверикс со 40 поени, 10 скока и 11 асистенции, додека Кајри Ирвинг имаше 26 поени.

Жоел Ембид имаше фантастичен натпревар со 50 поени и 13 скока во гостинската победа на Филаделфија од 131-126 против Вашингтон. Уште еден феноменален индивидуален ефект имаше Дезмонд Бејн, кој постигна 49 поени за Мемфис во триумфот од 116-102 на гостувањето кај најслабиот тим во лигата Детроит.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Кливленд – Орландо 121-111
Атланта – Бруклин  113-114
Минесота – Сан Антонио 102-94
Торонто – Мајами 103-112
Чикаго – Шарлот 111-100
Хјустон – Оклахома 110-101
Голден Стејт – Портланд 110-106

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе