На секој трет граѓанин му било побарано мито а секој четврти граѓанин одлучил да плати за да може да ја добие неопходната услуга или помош од институција или службеник во јавната администрација покажува извештајот за проценка на корупцијата во Македонија.
Три четвртини од граѓани сметаат дека има широка распространетост на корупцијата во системот и имаат недоверба во Владата а над 80 отсто ги перципираат функциите министер, пратеник, судија, луидер на политичка партија се најкорумпирани.
Сепак половина од граѓаните мислат дека корупцијата може значајно да се намали и најголема доверба во борбата против корупцијата имаат во МВР и Антикорупциската кокмисија која е 34 односно 31 отсто.
За претседателот Пендаровски бројките се јасни и покажува дека во државата има епидемија на корупција, проследена со неказнивост на случаи на висока корупција. Неопходна е промена на менталитетот.
Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека будно ќе ја следи работата на новиот состав на Антикорупциската комисија, повторно ја критикуваше измената на кривичниот законик со која десетици функционери се спасија од одговорност и раскажа за неговото искуство во корупцијата во Македонија.
Проблемот е и што надлежните кои се должи да ги читаат ревизорските извештаи особено оние во кои е дадена негативна оцена од ревизорите не го прават тоа.
Истражувањето кое покажа поразителни податоци околу степенот на корупција беше презентирано во рамките на Отворениот форум за антикорупција кој деновиве се одржува во Скопје.
Огнен Чанчаревиќ