Вести Македонија Топ вести

Османи: ОБСЕ е спасено, иден претседавач ќе биде Малта

„ОБСЕ е спасено. Имаме сигурна и функционална организација“.

Со овие зборови,претседавачот Бујар Османи, ја почна завршната прес конференција на која објави дека е постигнат консензус, иден претседавач да биде Малта, како и да биде продолжен мандатот на четирите лидерски позиции во ОБСЕ, за девет месеци. За постигнатиот консензус, нескромно изјави дека е резултат на успешната дипломатија на македонското претседателство со организацијата.

Малтешкиот министер и иден претседавач се заблагодари на довербата.

Изборот на Малта како следен претседавач со ОБСЕ е постигнат по неколкуте неуспешни обиди да се постигне консензус за Естонија – поради ветата кои ги доби од Русија и од Белорусија.

Во 2025 година, пак, едногодишното претседавање на ОБСЕ ќе го води Финска.

Со ова заврши и 30-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваа околу 1.000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце- движењето се одвива во двата правци

Дејан Дејан

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе