Вести Македонија Топ вести

Предложени новите членови на Антикорупциската комисија – најмногу од нив се ревизори

Ревизорите  Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во антикорупциската комисија Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова Медарска и Сервет Демири  од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на комисијата за борба со корупцијата.

Овие личности по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК. Ранг листата  со нивните бодувања беше објавена пред полноќ.

За да станат членови на ДКСК нив потоа треба да ги изгласаат пратениците на пленарна седница.

Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари.

Мандатот на актуелните членови на Комисијата истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе