Вести Македонија Топ вести

Набргу ќе навршат четири години од исчезнувањето на Марија Брзакова од струмичко Босилово

За помалку од два месеца ќе се навршат четири години од исчезнувањето на Марија Брзакова од струмичко Босилово.

Тоа засега е едно од најмистериозните случаи без одговор: каде исчезна младата мајка на 18 јануари 2020 година.

Марија Брзакова која со сопругот и малолетната ќерка живеела во Швајцарија, во моментот на исчезнувањето била на одмор во родниот крај.

Престојувале во родната куќа на сопругот. Според неговиот исказ даден во полиција, таа излегла рано утрото по тренерки и патики или влечки, без да земе со себе паричник, мобилен или било каков документ. Оттогаш и се губи секаква трага.

  • Марија со недели ја бараше полицијата, локални ловечки друштва, доброволци од неколку села, но и специјални единици на МВР со кучиња трагачи. Се пребаруваше целиот регион на потегот од Струмица до речните корита што одат до границата со Бугарија. Сепак, полицијата не наиде на никаков значителен траг.

Случајот со младата Марија која во моментот на исчезнувањето имаше 28 години и била во рана бременост се уште се води за отворен во Основното јавно обвинителство. Оттаму појаснуваат дека се покренати активности по меѓународна правна помош и е побарано соработка со неолку странски држави и компании.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе