Вести Македонија Топ вести

Мадиќ не сака да фаќа страна во војната меѓу Судскиот совет и министерот за правда Лога и не ги коментира информациите дека во Судски е иницирани разрешување на претседателката на Врховен

Поради тајноста на постапката за одговорност на судија  и заменик министерката за правда не ги коментира  информациите во јавноста дека во судски е иницирана постапка за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Поради тајноста и од судски вчера не коментираа- ниту негираа.

СДК.мк вчера објави дека членот Миљазим Мустафа избран од Собранието е тој што ја иницирал постапката. Тој за сите прашања не упати во прес службата на судски.  Односите меѓу Судски совет и претседателката на Врховен јавно се заострија по интервјуто на Адеми во кое говореше за политички притисоци врз судиите и ја спомена секогаш присутната закана дека може да бидат разрешени.

Судски по ова ја повика на средба на кој таа не се појави и им одговори да ги решат прво проблемите во своите редови. Претходно на посета во Врховен беше и амбасадорката на САД Агелер а по средбата од судот објавија соопштение  во кое напиша и дека судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки,

Ова во јавноста беше протолкувано дека во Врховен има влијанија и лобирања  за да се оживее аболицијата на екс претседателот Иванов.  Неодамна во интервју за Телма Агелер говорејќи за посетата на Врховниот суд порача дека  тој е последниот бедем и дека е важно судиите да го следат правото кога ги донесат одлуките, за луѓето да разберат, како и зошто се носат тие одлуки.

Периодов Адеми беше и мета на напади преку портали за кои Телма пишуваше дека стојат луѓе блиски до ДУИ. Актуелна е и војната со преписки и критики меѓу министерот за правда Лога и членовите на судски. Заменик министерката не сака да фаќа страна

Деновиве судски и Лога се обвинуваа околу составот на комисијата за утврдување одговорност на претседателот на кавадаречкиот суд Нанев. Лога побара да биде изземена Лорета Горгиева од комисијата затоа што застанала на негова страна кога тој го разреши од Советот за ИКТ. Од судски му одговорија дека изнесува невистини.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе