Со свечена академија во Филхармонија, под покровителство на претседателот на ДУИ, Али Ахмети беше одбележан Денот на албанското знаме. Неговата главна порака беше дека орелот од албанското знаме ги водел низ многу победи, а сега ќе води кон Брисел, односно кон членството во ЕУ.
Пред неговото обраќање се пееше песна во која се споменуваше командант, а во позадина се емитуваа видеоснимки со инсерти од ОВК, како Ахмети раководи од ОВК и негови прес-конференции за време на конфликтот.
Ахмети беше поздравен со громогласен аплауз и стоечки овации. На академијата беа министрите од ДУИ, но немаше други претставници од владата. Немаше претставници од албанската опозиција. Беше присутен поглаварот на ИВЗ и некои градоначалници.