Пријавуваат возрасните, пријавуваат и децата. Корупцијата не е само во јавните набавки, ниту, пак, неправдата. Ја има и кај најмладите. ОД корупција и непотизам кој да игра во првиот тим, па до подобра оценка се само дел од забелешките кои основците во Штип во 4 очи и ги пријавија на првата антикорупционерка.
Ивановска на 7 февруари ја напушта функцијата, додека собранието е во процедура по интервјуата да избере од 42-ца кандидати 7 нови членови на телото за борба со корупција таа испрати критика. Премногу исполитизирани личности сакаат да се борат против корупцијата.
Ивановска, и тимот имаат уште два месеци, но даваат ветувањее дека пред заминување ќе ги спакуваат предметите за тендерите во државна лотарија и рент а кар возилата за ОБСЕ самитот.
На чекор пред заминување овој состав со порака до властите. Да им одговорите на граѓаните зошто не ги донесовте 5 години законите за јавна администрација и раководни позиции во јавниот сектор?
Павле Беловски