Вести Македонија Топ вести

Министерот Кренар Лога бара од Судски совет да ја изземе Лорета Ѓоргиева

Министерот за правда Кренар Лога со писмен допис бара од Судски совет поради конфликт на интереси да ја изземе Лорета Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

Министерот за правда Кренар Лога во дописот до Судски совет наведува дека и покрај претходните укажувања за навремено доставување на материјалите, тие не му се доставуваат ниту пред ниту после одржувањето на седницата која е одржана на 23 ноември.

  • „Недозволиво е министер за правда да се информира за точките од дневниот ред од медиумите преку кои бевме информирани за изборот на Лорета Ѓоргиева за член на Комисијата . Поради конфликтот на интереси и фактот што Ѓоргиева јавно застана во одбрана на судијата Лазар Нанев кој неодамна беше ослободен од функцијата претседател и член на Советот на ИКТ, министерот за правда бара Судскиот совет да ја изземе Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Доколку Ѓоргиева не се изземе од комисијата, Судскиот совет прави лош преседан со кој ќе се намали и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе