Вести Македонија Топ вести

Спасовски: МВР нема доволно докази за петте мафијашки убиства

МВР нема докази за петте мафијашки убиства кои се случија на улица Рузвелтова, во Чаир, во Бутел, во Шиша Бар, во хотелот Александар Палас – сите поврзани со истите криминални банди. Ова во интервју за Радио слободна Европа го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој притоа како аргумент наведува дека станува збор за само пет од 128 кривични дела по кои постапувала полицијата.

„Ако гледате процентуално ќе видите колку е висок процентот на расчистување на кривичните дела. Точно е тоа што го изнесувате како факт и тие се случаите 5 кои вие ги набројавте во кои немаме до крај обезбедено докази за извршување на кривичните дела. Меѓутоа тоа се само пет од 128“, вели Спасовски во интевјуто за Радио слободна Европа.

Притоа Спасовски наведува дека вкупниот криминалитете во државата се намалува и дека само во 2023 се намалил за 11 проценти. Според него тоа е резултат на интензивирањето на борбата на полицијата против криминалните банди кои се, како што вели, градени и помагани по повеќе основи изминатите 30 години.

Но, за тоа што главни ликови во јавноста, пред очи на полицијата, се оние кои се претставуваат како членови на мафијашки банди, Спасовски прстот го впери во општеството.

„За мене е едно сериозно изненадување на вредностите кои ги споделува општеството било каде, што им се остава простор на криминални структури и криминални банди да бидат постојано присутни на социјални мрежи, медиуми, во јавноста. Но, тоа е факт и е нешто со што сите ние живееме“, вели Спасовски.

За соработката пак на МВР со Обвнителството за гонење организиран криминал, за која  Европската комисија напиша и дека не е најдобра, тој со одговор дека соработката е подобра од претходно, но оти може да биде подобра. Спасовски смета дека е подобро да си кажат каде им се слабостите и да се поправат.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе