Вести Економија Топ вести

Од следната година нова цена на струјата наместо во јуни ќе се носи во ноември

Од следната година до крајот на ноември ќе се носи одлука за нова цена на струја, а пресметките енергетските компании ќе го достават до крајот на септември.  Повеќе нема да има корекција во цената во јуни како што се правеше до сега, кога компаниите барањата ги доставуваа најдоцна до крајот на мај. Ова се предвидува со новите правила, кој ги соопштија од Регуласторната комисија за енергетика. Новата цена на електричната енергија која ќе важи од јануари, наскоро треба да биде соопштена.  Дел од компаниите доставиле веќе и пресметки до РКЕ. Она што  веќе и познато со новите измени во Законот за енергетика, ЕВН ХОУМ ќе ја пресметува и соопштува  новата цената, но откако претходно ќе добие амин од Регулаторна. За 5 дена дел од  домаќинствата ќе добијат и дневна евтина тарифа. Но, оваа поволност првично ќе може да ја користат околу 170 илјади домаќинства кои имаат дигитални броила и кој ЕВН може да ги прилагоди системски. Останатите над 600 илјади домаќинства ќе  ја добија нешто подоцна, затоа што се со броила кои рачно од први декември ќе мора да се сетираат од страна на екипи на ЕВН.

Евтина дневна струја домаќинствата ќе имаат од 13 до 15 часот.  Оваа поволност беше претходно укината како последица на енергетската криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Безбедносен чадор од 175 милијарди долари – „Златна купола“ ќе го заштитува небото над САД

Дејан Дејан

Избор меѓу Ангеловска Бежоска, Славески и Ставрески – кој ќе биде новиот гувернер на Народната банка?

Дејан Дејан

Експерт кој може да одговори на прашања на секоја можна тема – нова фаза на вештачката интелигенција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе