Кошарка Спорт

Леброн Џејмс по 18-ти пат го победи својот поранешен тим Кливленд (ВИДЕО)

Леброн Џејмс има само три порази во кариерата од тимот на Кливленд во кој мина 11 сезони во НБА-лигата. Утринава Лос Анџелес лејкерс славеа на гостувањето кај Кавалирс со 121-115, а Џејмс постигна 22 поени во 18-тата победа од 21 натпревар против својот прв тим во Лигата.

Ентони Дејвис беше најефикасен кај победничкиот тим со највисоки сезонава 32 поени и 13 скока. Донован Мичел се врати од повреда и постигна 22 поени за Кливленд, додека Џарет Ален имаше 21 поен и 14 скока.

Лос Анџелес клиперс ја кренаа формата и славеа против Далас со 107-88 за четврта победа на последните пет средби. Пол Џорџ го водеше домашниот тим со 25 поени, додека кај Маверикс, Лука Дончиќ постигна 30 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Оклахома – Филаделфија 123-127
Бруклин – Мајами 112-97
Вашингтон – Атланта 108-136
Јута – Њу Орлеанс 105-100

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе