Вести Македонија Топ вести

Искачувањето од Средно Водно до врв е полесно отколку да се дочека Трикафта

Искачувањето од средно Водно до врвот е полесно отколку да се дочека Трикафта. Пациентите со цистична фиброза повторно ги потсетија надлежните дека потребна е Трикафта за сите.

Тие денешниот ден посветен на лицата со цистична фиброза го одбележаа со искачување од Средно Водно до врв, во придружба на медицински тимови и пријатели.

Од Асоцијата за цистична фиброза велат дека битката продолжува. Заложбите одат во насока на тоа лекот да се дава и кај деца под 12 години.

Трикафта беше набавен во месец март само за 12 пациенти. Останатите чекаат владата да го исполни ветувањето. Пред неколку дена од министерството за здравство соопштија дека новите количини на Трикафта ќе стигнат до средината на декември.

Со оваа пратка ветуваат дека ќе има лек и за други пациенти покрај досегашните 12 под терапија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Четворица од повредените во пожарот во Кочани денеска ќе бидат пуштени од софиската болница „Пирогов“

Дејан Дејан

Поради ремонт во РЕК Битола, ЕСМ купи струја за над 2 милиони евра

Дејан Дејан

Грабнале жена, завршија во притвор – кривична пријава за три лица од Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе