Вести Македонија Топ вести

Се јавуваат на семејства и пријавуваат лажни сообраќајки на нивни блиски лица во обид да изнудат пари

Измамници со лажни повици за сообраќајни несреќи на нивни блиски повторно во обид да изнудат пари од нивните семејства. До телевизија Телма гледачка попладнево пријави дека на нејзините родители кои се повозрасни лица, им се јавило машко лице со приказна дека таа направила сообраќајна несреќа. Јавувањето било од шестоцифрен фиксен број, со скопски повикувачки префикс, на кој кога ѕвоневме од нашата редакција не можеше да се воспостави телефонски повик. Случајот е пријавен во полиција.

Инаку и во минатото имаше вакви случи на лажни пријави на сообраќајни несреќи при што се бараа пари од роднините за нивните блиски да не одговараат за сторената несреќа. Минатата година имало неколку такви обиди за измами во Штип, а во Охрид, пак, лани беа уапсени измамници од Бугарија за повеќекратна измама на повозрасни лица за сообраќајни незгоди на нивни блиски при што им барале пари, а во 2020 за исто дело се уапсени и двајца измамници во Тетово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице

Дејан Дејан

Едно лице загина, а над 60 се повредени при руски напади во Харков

Дејан Дејан

Кривична за екс-градоначалник на Лозово, со пари на општината финансирал пешачка патека која не била изградена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе