Вести Македонија Топ вести

Уапсена сериската измамничка од УЈП, Розмарин Стојковска- се криела во Битола откако низ годините измами десетици луѓе

Во Битола уапсена 44-годишната Розмарин Стојковска по која имаше распишана потерница за издржување на затворска казна од 8 и пол години.

Стојковска како поранешен вработен во УЈП во Скопје ги злоупотребувала податоците на даночните обврзници со што успевала да ги измами за да им земе пари како противуслуга за добивање на државна помош или државни субвенции за кредит.

Успевала да измами и луѓе на кои им земала пари нудејќи им наводна помош за добивање на инвалидска пензија или помош за ширење на бизнисот.

МВР потврди дека бегалката од законот е уапсена по што е префрлена на издржување на казната во Идризово.

Најдена е во живеалиште во Битола, а при претресот во домот пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела, објавија од МВР.

Таа е осомничена и во други активни истраги за извршени кривични дела измами, злоупотреба на лични податоци и неовластено влегување во информатички систем.

Во 2019-та КОД на Телма објави повеќе продолженија за оваа сериска измамничка која поради дисциплински постапки беше отпуштена од УЈП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе