Додека водечкиот сојуз на стопански комори води правна битка пред уставниот суд да го оспори законот за солидарен данок, останува обврската компаниите да си ги платат парите. На страна на комората и УЈП и претседателката на уставниот суд која им порача на компаниите да не го чекаат уставниот суд да постапи во предметот по иницијативата, бидејќи тоа најверојатно нема да се случи оваа година.
Но, и да има позитивна одлука во предметот за компаниите, односно уставен да му се спротивстави на законодавецот, Кацарска не сака да прогнозира дали тоа би значело и враќање на парите за наредната пресметковна година во УЈП.
УЈП сè уште чека на 26 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, да ги уплатат средствата за солидарен данок. Според официјалните информации до минатата недела дваесет и петте компании и јавното претпријатие „Национални шуми“ должеа 11, 8 милиони евра кон УЈП. Најголема сума од должниците требаше да уплати компанија од Скопје која се бави со трговија со струја а меѓу должниците има компании од секторот на игри со среќа и обложување, изградба на станови и трговија.
УЈП постојано предупредува дека рокот со опомени е до 24 ноември, а по тоа сметките ќе им бидат блокирани. Данок на солидарност платиле над 130 компании или 37,3 милиони евра, а највисоката сума која е уплатена е од компанијата „Макстил“ – 257 милиони денари данок.
Павле Беловски