Вести Македонија Топ вести

Грковска: Надлежните институции веднаш да постапат по наодите на новинарските истражувања за неправилностите откриени во Државна Лотарија

Надлежните институции треба веднаш да постапат по наодите на новинарските истражувања за неправилностите откриени во Државна Лотарија, порача вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Таа нагласи дека е недозволиво во државни институции да има веб сајтови кои работат во интерес на политички партии, откако опозициската Демократско движење на Меџити обвини дека во Министерството за политички систем предводено од Артан Груби постојат веб сајтови регистрирани од директорот на Државна Лотарија кои шират клевети и напади кон претседателката на Врховниот Суд.

Во новинарско истражување на КОД на Телма беше потврдено дека најмалку 9 новинари и медиумски работници дејствуваат како новинари преку канцеларии во Министерството, а сопственик на еден спорен веб сајт е вработен во Државна Лотарија и неговата сопруга која работи во Министерство за финансии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе