Вести Македонија Топ вести

Расте говорот на омраза кон трансродовите лица во Македонија, реагираат од Трансформа

Дискриминацијата, говорот на омраза и насилството кон трансродовите луѓе во Македонија бележи раст. Ваквите загрижувачки податоци се резултат на говорот на омраза на социјалните мрежи на антитранс-пропагандата на антиродовите движења врз трансродовите лица во Македонија, вели Лила Милиќ која е трансродова личност и воедно претставник на иницијативата „Трансформа“.  Милиќ до сега многу пати пријавувала до надлежните институции, но залудно.

  • До Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, исто така имам пријавувано и до полиција, имам пријавувано и во Јавното обвинителство, но за жал ниту полицијата, ниту Јавното обвинителство не реагира на овие пријави, на говорот на омраза кој во континуитет се случува кон оваа маргинализирана заедница,а Комисијата за заштита и спречување од дискриминација може да даде препорака, но и таа е ограничена кога станува збор за онлајн говорот на омраза. За да поднесете претставка до Комисијата и до МВР потребно ви е да имате лични податоци на сторителот за да може да се поднесе претставката и пријавата, а во овој случај до тоа многу тешко се доаѓа- Лила Милиќ, иницијатива ТРАНСФОРМА.

Во случаите кога Комисијата утврдува дискриминација, носи мислење со препорака за отстранување на дискриминација до потенцијалниот дискриминатор. Во случаите кога утврдените дискриминатори не постапуваат во дадениот рок по дадената препорака, Комисијата има законска обврска за поднесување барање за поведување прекршочна постапка пред надлежен суд заради непостапување на дискриминаторот по препораката, а судот е тој кој одлучува дали ќе поведе прекршочна постапка и дали ќе утврди прекршочна одговорност кај дискриминаторот, велат од Комисијата за заштита и спречување од дискриминација.

Според последниот извештај од проектот за Мониторинг на убиства на транс луѓе (ТММ), во периодот од октомври 2022 до септември 2023 во светот се регистрирани 320 убиства на трансродови луѓе и луѓе со небинарени родови идентитети. Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите луѓе 20 ноември се одбележува со читање на имињата на убиените за да се одржи споменот на мртвите и да се поттикне борба за живите, велат од Трансформа.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе