Политичкиот аналитичар Иво Рангеловиќ смета дека евентуална предизборна коалиција на „Европски сојуз“ не е толку робусна ако резултатите покажат нешто друго. Тој смета дека ДУИ тактизираат со она што им одговара или не пред изборите.
- Со евентуална голема разлика за ВМРО ДПМНЕ, ДУИ први ќе сокнат од бродот, и немојте да сте изненадени ако ВМРО и ДУИ формираат влада. Во моментов „европски фронт“ му е потребен на ДУИ, бидејќи во тој гласачки камп си има свои проблеми, како и СДСМ што има. СДСМ без тој европски сојуз нема што да бара на следните избори, но ДУИ е многу мудар, тактизираат, па така ако нешто им одговара сега, не значи дека ќе им одговара и по изборите, вели Рангеловиќ во Топ Тема.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.